• Зоран Мишевски

Кошаркарките на Баскет кам стигнаа и до втората победа во новиот шампионат, откако беа подобри од Бадел 1862 со 73-52.
Кметовска доминираше на двете страни од теренот. На крајот застана на „дабл-дабл“ ефект од 27 поени (12/18 во шутот за два поени) и 13.скока. Свои, стандардно добри минути, имаше и Димова, која финишираше со 20 поени (пет скока и четири асистенции), но и Максимовска, која додаде 11 поени (и седум смока).
Кај Бадел 1862, одлична партија на Николов, која на 26 поени додаде и четири додавања, Маркоска даде 10.поени, но останаа без поентерска поддршка од останатите стартери, како Петрушевска Чолакоска и Клири.
Прва лига (ж)
Второ коло:
Баскет кам – Бадел 1862 73-53
Патриот 2016 – ЖКК Вардар 66-81
Спорт тим – Пробаскет 75-78
29.10.2025 - МЗТ бела вода – Крива паланка
Поради обврски на екипата на Крива паланка во ВАБА 2 лигата, ова коло ќе биде затворено в среда со дуелот МЗТ Бела вода - Крива паланка.