• Зоран Мишевски

Добрата форма во која полека влегува актуелниот шампион во овој втор дел од сезоната ја потврди и на гостувањето во Куманово. Одличните почетни десет минути им беа доволни на кошаркарките на Баскет КАМ да излезат како победници против мотивиранито кумановски состав.
На крајот тоа изгледа и убедливо (70-54) во корист на екипата од Македонска Каменица, која сега е на скор (11-2), и има победа повеќе во однос на Вардар, кој својот меч од ова 13. коло (против МЗТ Скопје Аеродром) ќе го одигра во текот на наредната седмица.
Димова беше прво име во победничката екипа. Искусната кошаркарка реализираше 28 поени. Капитенот Поп Димитровска додаде 20.поени, а Кметовска уште 11 поени. Кај Куманово-Гризли, најискусната во нивните редови, Алексиќ, реализираше 29.поени.
Кошаркарките на Крива Паланка направија уште еден чекор кон горниот дел од табелата откако со одлична игра во првата и во третата четвртина стигнаа до триумф во дуелот против кавадаречки Пробаскет од 94-73. Американската кошаркарка, Мек Кала имаше 39, Алексовска 21, а Хоукинс уште 20 поени во победничката екипа. На спротивната страна, Јовановиќ беше стрелец на 28 поени, Бошкова постигна 16, а Тодорова уште 12 поени.
Прва А лига
13. коло:
Куманово-Гризли – Баскет КАМ 2011 54-70
Крива Паланка – Пробаскет 94-73
Среда (7 февруари)
16:00: Бадел 1862 – Струга 2009
Четврток (8 февруари)
19:00: МЗТ Скопје Аеродром – Вардар