Баскет Кам четврти пат по ред шампион на Македонија, Кметовска е МВП

Екипата на Баскет кам е старо-нов шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција. Девојките од Македонска Каменица беа подобри од својот противник во големото финале, екипата на Крива Паланка (67-49).

По двете домашни победи, кошаркарките стигнаа и до првата на гостински терен, и пресудна, за максимални 3-0 во финалната серија на плеј-офот и нивна четвртта по ред титула во серија, што ги прави како еден од најтрофејните женски кошаркарски колективи во Македонија.

Ивана Кметовска го „затвори“ финалето со 28 реализирани поени. Димова ја следеше со 16, додека капитенот Поп-Димитровска имаше десет реализаци во клучниот меч од серијата. Кај Крива Паланка, Робинсон финишираше со 23 поени.

Веројатно и немаше многу дилеми во изборот на тоа кој ќе го понесе признанието за најкорисен игра на оваа финална серија која го промовираше Баскет кам во нов-стар шампион на Македонија.

Ивана Кметовска одигра на врвно ниво на сите три одиграни натпревар во финалето на плеј-офот, а на овој последнито одново беше најдобра, забележа 28.поени, и сосема заслужено ја зема наградата за МВП на финалето.