• Зоран Мишевски
Во првиот натпревар од серијата која носи титула, Баскет кам 2011 го победи Вардар со резултат 65-59 и поведе во серијата со 1-0.
Предноста од првата четвртина, во која екипата од Македонска Каменица поведе со 26-17, се покажа како доволна за првиот поен во серијата која ќе го даде шампионот...
Баскет кам 2011 – Вардар 65-59 (26-17; 12-13; 13-14; 14-15) - 1-0 во серијата
Баскет кам 2011:
Кметовска 15, Димова 18, Османи, Поп Димитровска 5, Ѓуковиќ, Адамовска, Николов, Ѓоргиевска, Максимовска 7, Зубац 20
Вардар:
Димитријевиќ 14, Николиќ, Џангаровска, Тасевска 7, Деловска 2, Наков 13, Зафировска 9, Пислевска, Матие 14, Начевска, Мариновска
На овој натпревар, стандарниот број на поени за Баскет кам 2011 го испорачаа Зубац, која стрелаше за 20 поени. Димова застана на бројката од 18 поени, Кметовска даде 15, а свој придонес во првиот успех во финалето дадоа и Максимовска, со седум, односно капитенот Поп-Димитровска која реализираше пет поени.
Во гостинската екипа, Димитријевиќ и Матие имаа по 14 поени, најискусната на теренот, Славица Наков постигна 13. А во листата на стрелците кај Вардар влегоа и Зафировска со девет поени (три тројки), Тасевска со седум, и Деловска која даде два поени.
Вториот натпревар од финалната серија ќе се игра викендов, повторно во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, каде Баскет кам 2011 одново ќе биде во улога на домаќин. Нов шампион на Македонија ќе биде екипата која прва ќе стигне до три победи во големото финале.