• Иван Димовски
Кошаркарите на Барселона забележаа победа над Партизан од 87-80 во 29. коло на Евролигата. Средбата во „Палау Блауграна“ каталонскиот гигант го реши во своја корист главно со доминантна втора четвртина.
Партизан тргна добро во мечот и водеше во првата четвртина, а потоа следеше црн период. Барса ја доби втората четвртина со 29-9 и на одмор замина со 54-41. Србите се кренаа и успеаја да се вратат во третиот период, ама Барселона се консолидира и успеа да дојде до победата.
Кевин Пантер беше најдобар против својот поранешен клуб со 25 поени, додека кај Партизан се истакна Браун со 16.
Олимпијакос славеше во грчкото дерби против Панатинаикос со 76-74. Гигантите одиграа атрактивен меч, Олимпијакос водеше во првиот дел и двоцифрено. Во третиот период домаќинот имаше 19 поени предност, а потоа ПАО се врати во игра пред крајот. Сепак, немаа доволно време за да се вратат и претрпеа на крајот минимален пораз.
Со по 18 поени се истакнаа Митоглу од Панатинаикос и Везенков од Олимпијакос.