• Мартин Танасковски

Екипата на Барселона не успеа да ја освои Евролигата што беше цел на клупската управа, а со тоа ќе следат и драстични промени во екипата.
Се очекува промена на играчкиот ростер на тимот на Шарунас Јасикевичиус. Најавени се неколку заминувања, а исто така се најавува и намалување на буџетот. Според информациите од Шпанија, Барселона планира драстично да ги намали финансиите за следната сезона, а тоа е сума меѓу 20 и 25 отсто.
Шпанскиот тим во полуфиналето од Евролигата загуби од големиот ривал Реал Мадрид и ризикува да ја заврши сезоната без трофеј. Откако загуби во Купот и во Суперкупот, единствена можност за титула е АЦБ-лигата.