Барселона се засили со екс-играч на Далас, Филаделфија и Кливленд

Џастин Андерсон е ново име во таборот на шпанскиот гигант, Барселона. Каталонците решија да потпишат едногодишен договор со американскиот шутер, кој пристигнува од редовите на Валенсија

30-годишниот плејмејкер се поврзуваше со премин во Олимпија Милано и во Виртус Болоња, но сепак стави потпис на договорот со Барса, каде се очекува да биде повеќе од солидно засилување. Минатата сезона во Евролигата просечно бележеше 6,1 поен по натпревар, додека во шпанското првенство беше за нијанса подобар, со учинок од 8,5 поени и 2,3 скока. 

Во кариерата настапуваше за НБА тимови како Далас, Филаделфија, Атланта, Бруклин, Кливленд и Индијана, а најдобар НБА скор имаше во сезоната 2016/7, кога во дресот на Филаделфија просечно постигнуваше 8,5 поени по натпревар.