• Саше Љолес
Американскиот центар со словенечки пасош, Џош Нибо, официјално е нов кошаркар на Барселона, објави шпанскиот гигант.
Нибо потпиша тригодишен договор со каталонскиот клуб, каде што пристигнува од Олимпија Милано. Во италијанскиот клуб се пресели во 2024 година, по успешниот настап за Макаби од Тел Авив.
Неговата епизода во Милано беше нарушена од повреди, поради кои одигра само 30 натпревари во Евролигата. Во сезоната 2025/26 настапи на 26 меча во елитното европско натпреварување, со просек од 10,2 поени и 5,5 скока по натпревар.
Пред трансферот во Олимпија, Нибо беше еден од најдоминантните скокачи во Евролигата. Како член на Макаби ја заврши сезоната 2023/24 како најдобар скокач во натпреварувањето, а во својата кариера настапуваше и за литванскиот Жалгирис.
