Барселона сака да го „врзе“ Кевин Пантер со нов двегодишен договор

Американскиот кошаркар Кевин Пантер најверојатно останува во редовите на Барселона, која му понуди двегодишен договор со плата од околу два милиони евра. 

Изминатиов период силно се шпекулираше околу неговата иднина, особено затоа што летово ќе стане слободен играч, но Каталонците прават напори да го задржат во својот тим, каде се покажа како одлично засилување. 

И самиот Пантер изјавуваше дека би сакал да остане во Шпанија, па затоа се чини дека сѐ оди токму во оваа насока. Сезонава има просек од 17,1 поен, 3,1 асистенција и два скока по натпревар.