Барселона продолжи со промените, замина и крилен центар

Кошаркарскиот гигант Барселона продолжи со промените во играчкиот кадар во паузата меѓу двете сезони.

Каталонскиот гигант сега се раздели и со Оскар да Силва. Крилниот центар кој има бразилски и германски пасош по две сезони во таборот на Барселона се реши за заминување од клубот.

Минатата сезона Да Силва имаше епизодна улога во тимот на Барселона и бележеше скромни 3,4 поени и 2,7 скока по натпревар.

25-годишниот кошаркар во минатото беше дел од Алба Берлин и Лудвигсбург, а за него постои интерес од повеќе евролигашки екипи.