Барселона планира да ја напушти Евролигата – ако НБА понуди повеќе!

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, зборуваше за можноста клубот да ја напушти Евролигата. Пред натпреварот од 14. коло од еврпската елита што неговиот тим го игра против Црвена Звезда од Белград, Лапорта зборуваше за потенцијална поделба меѓу двете страни и каде ја гледа Барселона во иднина. 

Тој тврди дека е подготвен да го продолжи договорот со Евролигата, но со услов.

„Лиценцата на Евролигата истекува во јуни 2026 година, а клубовите што нема да ја обноват ќе го изгубат правото да се етаблираат. Се обидуваме да ѝ дадеме до знаење на Евролигата дека Барселона е важен дел од натпреварувањето и тие го разбираат тоа. Предложивме обновување со Евролигата, но со можност за флексибилност во случај предлогот на НБА да биде подобар“, рече Лапорта.

Во меѓувреме, НБА не губи време.

„НБА ни нуди средба за да можат да ни дадат повеќе детали за предлогот. Засега, сите овие средби звучат многу ветувачки, но сè уште немаме конкретна понуда“, заклучи Лапорта.

Ова значи дека Лапорта и Барселона седат на две столици и ги разгледува понудите. На крај која ќе биде попрофитабилна – најверојатно ќе биде избрана.