• Саше Љолес
Управата на кошаркарскиот клуб Барселона, соопшти дека ја прекинува соработката со Американецот Џабари Паркер, кој ќе ја напушти Шпанија после две одиграни сезони.
Паркер беше одличен во дресот на Каталонците, но челните лица едноставно не можеа да го задржат поради високата плата, нешто што беше потврдено и од спортскиот директор, Хуан Карлос Наваро.
„Одлучивме да се разделиме. Тоа не се пријатни вести за навивачите, но за нас ова е позитивен исход, затоа што го растоваривме буџетот за следната сезона. Паркер не беше задоволен од настапите, иако имаше неколку одлични изданија. Сега сме во можност да донесеме неколку добри играчи и да оствариме подобри резултати догодина“, рече Наваро.
Паркер минатата сезона имаше просек од 13,8 поени и четири скокови во Евролигата. Претходно настапуваше само во НБА лигата, и тоа во дресот на Бостон, Сакраменто, Атланта, Вашингтон, Чикаго и Милвоки.
