Барселона не крие дека разговара со Марк Гасол

Марк

Марк Гасол е слободен играч, откако се раздели со Лос Анџелес Лејкерс на крајот од ланската сезона. Шпанецот се очекува да се врати во Европа, а најголем фаворит за неговиот потпис е Барселона.

Каталонскиот гигант не крие дека разговара со искусниот центар, но засега тврди дека не започнал никакви преговори.

„Тоа се само разговори и нема преговори. Марк знае за нашиот интерес и тој го има последниот збор. Нема да негирам дека би сакал да го имаме во клубот“, изјави Хуан Карлос Наваро.

36-годишникот би можел да ги следи стапките на својот брат Пау, кој лани беше дел од Барса, пред да замине во кошаркарска пензија.

Марк ја започна кариерата во шпанскиот гигант пред осумнаесет години. Сега би сакал да се врати и да се прости од кошарката на познат терен.