Барселона ќе извиси, Шенгелија планира да остане во Виртус Болоња

Шенгелија

Грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија е блиску да стави потпис на долгогодишен договор со Виртус Болоња.

30-годишникот од Тбилиси си замина од ЦСКА Москва, бидејќи не сакаше да игра за руски клуб, по почетокот на воениот конфликт на територијата на Украина. Тоа му овозможи да се пресели во Италија, каде очигледно добро се адаптира и планира да остане уште неколку сезони.

Барселона будно ги следеше неговите настапи и беше подготвена да испрати понуда до Грузиецот. Меѓутоа се чини дека кошаркарот ќе стави „стоп“ на секаков интерес од други екипи и ќе стави потпис на нов договор со Болоња.

Италијанската екипа заедно со Шенгелија ќе се бори за трофејот од Еврокупот. Во финалето ќе се сретне со Бурсаспор.