• Саше Љолес
Шпанскиот великан Барселона објави дека нема да ја продолжи соработката со американскиот кошаркар, Џастин Андерсон, чиј договор истекува на триесетти јуни.
Андерсон минатата година стигна во Барселона, а претходно во Шпанија настапуваше за Бреоган и Валенсија. Во Евролигата имаше учинок од 7,1 поени, 2,8 скока и 1,4 асистенции. Нешто подобар беше во домашното првенство, каде бележеше 8,1 поен по натпревар.
Од клубот му се заблагодарија за соработката и му посакаа многу успех во натамошната кариера.
ФОТО/PHOTO: Barcelona FC