• Саше Љолес
Екипата на Барселона ги задржа шансите за пласман во плеј-офот на Евролигата, откако славеше со 80-72 над белградска Црвена Звезда во плеј-ин натпреварот во „Палау Блауграна“.
Српскиот тим ја заврши својата авантура во елитното натпреварување, а Барса ќе има шанса за пласман во плеј-офот, но прво ќе мора да одигра меч против екипата на Монако.
Каталонскиот гигант одигра одлично прво полувреме и до крајот не дозоволи да си ја загрози предноста. На паузата водеше со високи 47-33, па и покрај подобрата игра на Црвена Звезда во вториот дел, успеа да дојде до важен триумф пред своите навивачи.
Најдобри поединци во победничкиот состав беа Вил Клајбурн и Кевин Пантер со по 22 поени, а во редовите на Црвена Звезда, 19 поени постигна Коди Милер-Мекинтаер.







