• Иван Димовски
Американскиот кошаркар Вил Клајбурн ќе биде нов член на Барселона, како што јавуваат шпанските медиуми.
Искусното крило (35) доаѓа како замена за Џабари Паркер, кој е пред трансфер во белградски Партизан. Клајбурн повторно ќе го облече ист дрес со Торнике Шенгелија, кој исто така е на пат да се пресели во „Блауграна“.
Минатата сезона во дресот на Виртус под водство на Душко Ивановиќ, Клајбурн имаше просек од 13,8 поени, 4,7 скока и 2,4 асистенции во Евролигата.
Во Болоња мина само една сезона, пред тоа две години беше дел од Анадолу Ефес, но најдлабока трага остави во ЦСКА Москва, каде што ја освои титулата во 2019 година и беше избран за МВП на завршниот турнир, како и во идеалната петорка на Евролигата.

