Барселона го промовира наследникот на Никола Миротиќ

Шампионот во шпанската Ендеса лига, Барселона го промовира новото засилување за под обрачите. 

Џабари Паркер е нов играч на каталонскиот гигант. Американецот доаѓа како замена за Никола Миротиќ од Олимпија Милано. Паркер беше втор пик на драфтот во НБА лигата во 2014 година од Милвоки Бакс, а настапуваше и за Бостон, Сакраменто, Вашингтон, Атланта и Чикаго. 

Иако се мачеше со повреди во текот на кариерата, меѓутоа во НБА имаше просек од 14,1 поени, 5,5 скока и по две асистенции по натпревар. Сепак, минатата сезона во Милано не одигра ниту еден натпревар, па сега се надева ќе ја врати старата форма.