ВИДЕО: Барселона го покори и Милано за четврта евролигашка победа по ред

Во последниот натпревар од 17. коло на Евролигата, кошаркарите на Барселона славеа голема гостинска победа против Милано со 85-90 и со четвртата победа по ред се зацврстија меѓу екипите кои се наоѓаат во ТОП 8.

Од самиот почеток се играше израмнето, а на крајот од првиот дел минимална предност имаа домаќините од 37-36. Големиот исчекор кон победата Каталонците го направија во третата четвртина, која ја добија со 29-20, а во четвртата избраниците на Пешиќ имаа и највисоки +12 (68-80). Во финишот Милано стигна до негатива од само три поени, но немаше сила за целосен рпесврт.

Најефикасен во редовите на Барселона беше Томас Ертел со 21 поен, а Адам Ханга мечот го заврши со 15 поени. Во тимот на Милано, Мајк Џејмс и Владимир Мицов запишаа по 20 поени, но на крајот недоволни за позитивен резултат.

Веќе в петок, во рамките на 18. коло Барселона на домашен терен ќе го пречека тимот на Панатинаикос, а Милано ќе игра на гости против Баерн Минхен.