Барселона го „краде“ најдобриот кошаркар на Црвена Звезда?

Еден од најдобрите кошаркари на Црвена Звезда, Никола Калиниќ би можел да замине од клубот и да се врати во Шпанија

Центарот кој ја одведе екипата до трофејот во АБА лигата, а со успех настапуваше и во Евролигата, се најде на мета на шпанскиот гигант Барселона. Според медиумите на Апенините, каталонскиот тим одново се сврте кон Калиниќ кој беше опција и во минатото. 

Шпанците веќе го познаваат Калиниќ бидејќи настапуваше во Валенсија, па сега со одличната сезона се препорача одново во Барселона. Сезонава кошаркарот за Црвена Звезда бележеше просек од 12,6 поени, со 3,9 скока и 3,4 асистенции по натпревар во Евролигата, а во АБА конкуренцијата беше избран за најкорисен кошаркар на натпреварувањето (МВП). 

Калиниќ во својата кариера играше за Спартак Суботица, Нови Сад, Војводина, Раднички и Звезда во Србија, додека во странство настапуваше за Фенербахче и Валенсија.