Барса загуби клучен кошаркар, Лапровитола ги скина лигаментите од коленото

Гигантот Барселона остави зад себе катастрофален викенд. Каталонците загубија во домашниот шампионат и останаа без клучен кошаркар.

Барселона синоќа загуби од Басконија во Ендеса лигата и остана без Николас Лапровитола. Ден по натпреварот, клубот потврди дека Аргентинецот ќе мора да оди на операција.

„Лапровитола ги скинал предните вкрстени лигаменти и се здобил со повреда на надворешниот менискус на десното колено. Играчот ќе биде опериран во наредните денови. Клубот повторно ќе објави по операцијата со проценка за периодот на опоравување“, се вели во соопштението на Барселона.

Барселона веројатно нема да може да смета на Лапровитола најмалку шест месеци.