Барса во последна секунда ја сруши Олимпија, ќе се бори за трофејот со Ефес!

Кошаркарите на Барселона се изборија за ново финале во Евролигата, откако ја добија драмата против Олимпија Милано (84-82). Шпанскиот тим беше подобар во текот на целиот натпревар, подолго водеше и имаше одличен моментум, но мечот влезе во трилер завршница. Клучен во финишот беше кошот на Кори Хигинс, кој во последната секунда погоди двојка, а не остана доволно време за „манекените“.

  • Извештај од натпреварот: 

Пресметката во „Ланксес Арена“ во Келн тргна со шпански знак, бидејќи Барса поведе со 7-2. Сепак, со две брзи тројки Олимпија се врати и израмни, па мечот продолжи со изедначено темпо. Барселона беше екипа која го имаше главниот збор, до полувремето водеа и двоцифрено, а на пауза заминаа со 51-42. 

Сепак, следеше период кој им припадна на „манекените“ и целосно враќање во игра. Олимпија освен што дојде до егал, со серија од 8-0 дојде до прва осетна предност од осум поени. Каталонците пак се враќаа, поведоа во очи последните пет минути и јасно беше дека следеше драма. 

Олимпија во неколку наврати направи технички грешки, со кои исходот на мечот можеше да биде поинаков, а така беше и на седум секунди до крајот кога промашија шут за предност. Во контрата, Барселона преку Кори Хигинс стигна до златни два поени предност и остави само 0,8 секунди за Олимпија, која мораше да се помири со поразот. 

  • Последниот кош на Кори Хигинс: 

Пантер од Милано беше најефикасен со 23 поени, додека кај Барселона се истакнаа Никола Миротиќ со 21 и Ник Калатес со 17 поени.