ВИДЕО: Барса во „пенал-завршница“ ја освои Пиреја, рутина на Милано и Фенер

Екипата на Барселона потешко од очекуваното славеше на гости кај Олимпијакос (74-76) во Пиреја и го задржа врвот во кошаркарската Евролига.

Каталонскиот гигант до полн плен дојде во „пенал-завршница“. Дуелот го решија двете погодени слободни фрлања на Кори Хигинс на шест секунди пред крајот. Американецот беше втор на листата на стрелци со 14 бода, лидер беше Миротиќ со 16, додека кај Олимпијакос, Мекисик реализира 18 поени.

Фенербахче славеше кај Химки (76-107) и ја продолжи кризата на московјани во Евролигата. Швед беше прв играч на мечот со 29 поени, но тоа не му помогна на Химки, додека кај турскиот тим најдобри беа Де Коло со 18 и Браун со 17 поени.

Милано на домашен терен рутински во последниот период го совлада Зенит (82-76). Пунтер со 14 беше лидер кај стрелците, а Родригез имаше 13 поени, додека кај екипата од Санкт Петербург, Холинс постигна 12 поени.