ВИДЕО: Барса слави во Русија, Олимпијакос ја доби драмата во Тел Авив

Олимпијакос ја доби драмата кај Макаби Тел Авив по едно продолжение со 89-87 во рамките на 19. коло во Евролигата. Грците беа подобри во завршницата и минимално славеа на тешкото гостување во Израел.

Скоти Вилбекин го предводеше Макаби и беше најефикасен играч на средбата со 25 поени. Сепак, Костас Слукас беше покорисен и го заврши натпреварот со 21 поен и 11 асистенции, а се истакнаа уште Брајант (15), Ларентцакис (13). 

Барселона запиша победа над Химки од 87-75. Шпанскиот гигант потешко од очекуваното мина во Русија, ама ја исполни целта и стигна до бодовите. Швед беше најдобар поединец на средбата со 23 поени и шест асистенции, додека кај Барса со по 18 поени го завршија натпреварот Хигинс и Куриќ. 

Милано лесно се справи со Валенсија и дома победи со 95-80. Иако гостите од Шпанија парираа на стартот, ама потфрлија во вториот период кога „манекените“ убедливо поведоа. До крајот успеаа да ја задржат предноста и заслужено победија. Најдобар беше Луиџи Датом со 27 поени, а по 17 има Дилејни и Вилијамс. 

На останатите терени Анадолу Ефес дома ја совлада Алба (84-76), благодарение на пеколната трета четвртина во која нападот блескаше, а одбраната на турскиот тим беше уште подобра. Прво име кај победникот беше Ларкин со 15 поени, а исто толку постигна и Моерман, додека кај гостинот Грејнџер финишира со 17 поени.

Фенербахче ја прегази Басконија (96-76) воден од разиграниот Нандо де Коло. Францускиот кошаркар постигна 27 поени и заврши пред Јан Весели со 17 поени, додека кај шпанскиот тим најрасположен беше Питерс со 15 поени.