Барса си дозволи од готово-вересија, Реал пред одбрана на шпанскиот трон 

Ако со 20 поени разлика Реал Мадрид ја демолира Барселона во првиот натпревар од финалната серија на шпанскиот кошаркарски шампионат, вечерва „кралските“ кошаркари мораа да се мачат од последна секунда за да стигнат до нова победа над вечниот ривал. 

Кошаркарите на Реал Мадрид повторно се надминаа себе си и со моќно издание во самиот финиш не дозволија брејк на противникот, и заслужено поведоа со 2-0 во финалната серија и се пред одбрана на шампионската титула. 

Избраниците на Светислав Пешиќ си дозволија од готово-вересија, откако ја имаа победата во своите раце, но на крај се радуваа домашните фанови, благодарение на тројката на Керол на само две секунди до крајот на мечот за конечни 81-80. Момците на Ласо надополнија -9 во неполни две минути на крајот од четвртиот период. Тројки погодија Љуљ, Керол и Рендолд, а по промашеното слободно фрлање на Љуљ при 78-80, среќно топката ја освоија мадриѓани, а Керол на 1,8 секунди до крајот ја постигна тројката за победа. 

  • Победеносната тројка на Керол: 

Томас Ертел со 28 поени беше прв поентер на мечот, додека кај славеничката екипа најпрецизен беше Керол со 25 поени. 

По двата натпревари во Мадрид, сега финалната серија се префрла во Барселона, каде за два дена ќе се одигра третиот натпревар меѓу големите ривали.