Барса се извлече од „-13“ и слави среде Грција, Фенер продолжува со победите во Евролигата

Екипата на Барселона забележа уште една победа во европската кошаркарска елита и среде Атина со сигурни 82-85 славеше во соочувањето со Панатинаикос.

Каталонскиот тим својата овосезонска доминација ја потврди и на жешкиот грчки паркет, во натпревар во кој успеа да се врати од негатива од 13 поени и со моќно второ полувреме да ја запише 14-тата победа во Евролигата.

  • Панатинаикос - Барселона 82-85:

Никола Миротиќ повторно беше лидар на шпанскиот тим, реализирајќи 20 поени, додека кај ПАО се истакна Недовиќ со 18 поени.

Кошаркарите на Фенербахче продолжуваат со одличните игри и резултати во овој дел од сезоната во Евролигата и ја впишаа четвртата победа во низа во елитата. Пред турскиот гигант вечерва падна тимот на Басконија, кој одигра катастрофален натпревар во „Улкер Арената“ и за дома се врати со пораз од 22 поени (75-53).

  • Фенербахче - Басконија 75-53:

Нандо Де Коло со 17 и Италијанецот Полонара со 16 поени беа најпрецизните во таборот на Фенер, а кај шпанскиот тим прв поентер беше Стивен Енок со 14 поени.

  • Макаби Тел Авив - Анадолу 78-92:

Бранителот на титулата Анадолу Ефес ја продлабочи кризата во редовите на Макаби Тел Авив, откако со фантастични 40 минути му го нанесе шестиот пораз во низа на израелскиот тим (78-92).

  • Олимпија Милано - Реал Мадрид 73-75:

Значајна победа забележа и Реал Мадрид, кој на теренот на Олимпија Милано славеше со минимални 73-75 и им се врати на успесите во Евролигата, по поразот во претходното коло од големиот ривал Барселона.

Искусниот француски бек Фабиен Кузер со 16 поени беше најпрецизен кај Реал Мадрид, а кај италијанскиот тим се истакна Шевон Шилдс со 14 постигнати поени.