Барса, Реал и ЦСКА на врвот, Црвена Звезда со најмал буџет меѓу евролигашите

Барселона

Секогаш е интересно да се направи споредба на буџетите на спортските екипи. Француски „Л'Екип“ објави листа на која може да се погледне кој има најголема, а кој најмала финансиска моќ меѓу учесниците во Евролигата.

Како први три екипи кои се издвојуваат се Барселона (41 милион), ЦСКА Москва (40,7 милиони) и Реал Мадрид (40 милиони). На самото дно се појавува Црвена Звезда со скромни 8,3 милиони.

Фенербахче на Жељко Обрадовиќ е шести, Олимпијакос има скромни 16 милиони, а „црвено-белите“ од Белград се единствени со едноцифрена бројка на финансиски средства.