Барса пронајде замена за Ертел: Малком Дилејни потпиша за Каталонците

Најактивната екипа во преодниот рок во Европа, кошаркарската секција на Барселона се врати на пазарот и експресно пронајде замена за повредениот плејмејкер Томас Ертел. По сериозноста на повредата на Французинот, Светислав Пешиќ побара негова замена, а клубот веднаш го задоволи.

Од денес нов член на победникот на Купот на Кралот е Американецот Малком Дилејни. Клубот и кошаркарот постигнаа договор на една сезона, со опција за уште една ако двете страни следното лето бидат задоволни. До минатата сезона Дилејни го носеше дресот на Локомотив Кубан.

Барса ова лето се засили со Абринес, Миротиќ, Дејвис и Хигинс, а ги продолжи договорите со Ертел, Клавер и Ханга.