Барса попушти во завршницата, Слукас донесе голем пресврт за Фенербахче

Фенер

Разиграната Барселона не успеа да го совлада Фенербахче (88-82) на гостински терен во 26. коло од Евролигата и да му се одмазди за високиот пораз пред своите гледачи во првиот дел од сезоната.

Каталонците изградија одлична предност во првиот и третиот квартал, но истата во драматичен финиш ја испуштија и пропуштија да му го нанесат петтиот неуспех на кошаркарите на Жељко Обрадовиќ.

Почетокот на мечот го одбележа раното исклучување на гостинскиот тренер Светислав Пешиќ кој замина во соблекувалната поради приговорите кон судиите. Тие не досудија фаул врз Јака Блажиќ, а тоа го налути 69-годишниот стратег од Нови Сад.

Тоа не промени многу во играта на Барса, која доминираше на почетокот на двете полувремиња и на крај беше блиску до големо изненадување. Сепак, до истото не стигна поради падот во одбраната, а секако и благодарение на разиграните домашни кошаркари кои одговорија на вистински начин и имаа пеколна завршна четвртина.

Кај турскиот шампион најдобар беше Костас Слукас со 22 поени, а Али Мухамед додаде 15 поени. Во редовите на гостинската екипа се издвои Jaка Блажиќ со 15 поени.

Извештај од натпреварот: 

Потег на натпреварот: 

Очекувана домашна победа извојува и Басконија, која во „Буеса Арена“ убедливо го победи АБА-шампионот Будуќност со 82-62.

Извештај од натпреварот: