Барса подобра во трилерот, по продолжение го победи Зенит

Кошаркарите на Барселона се вратија и израмнија на 1-1 во четвртфиналната серија од Евролигата против Зенит, откако во „Палау Блауграна“ победија по продолжениет со 81-78. 

Русите одново ги „испотија“ фаворитите, одиграа одличен натпревар и најавија дека иако влегоа во плеј-офот од осмата позиција, ќе се борат за што е можно подобар пласман. Избраниците на Чави Пасквал отворија одлично, имаа повеќе време предност, но Барса се врати и поведе пред паузата. 

Во второто полувреме, каталонскиот тим имаше речиси константна предност. Сепак, Зенит не им дозволи на Шпанците да се одлепат во ниту еден момент и се избори за продолжение. Во него, руската екипа поведе и можеше да направи втор „брејк“, ама Барса на искуство и од линијата за слободни фрлања го затвори натпреварот и слави триумф.

Првиот од двата натпревари во Санкт Петербург е закажан за 28 април, додека вториот ќе се игра два дена подоцна.