Барса отвори со дерби-победа над ЦСКА, минимална радост на Валенсија

Барселона одлично ја започна новата сезона и победи во дербито со ЦСКА Москва (76-66). Каталонците отворија со 24-14 во првата четвртина и не погледнаа назад. 

Брендон Дејвис беше расположен за игра и предводник на шпанскиот гигант во дуелот со еден од директните ривали за висок пласман. Американецот го заврши мечот со 18 поени, еден повеќе од Никола Миротиќ.

Домашниот тим одигра одлична одбрана, а беше подобар и во нападот со шут над 50% од поле. Ова беше втора победа во низа за Барса во меѓусебните дуели, по онаа во февруари во рамки од ланската сезона.

  • Барселона - ЦСКА Москва 76-66:

  • Потег на натпреварот (Ник Калатес):

Валенсија и Асвел одиграа неизвесен натпревар во која на крај победата ја однесе домашната екипа (65-63).

  • Валенсија - Асвел 65-63:

Првото коло ќе биде заокружено утре со уште четири натпревари од првото коло.