Барса обезбеди големо засилување, се договори со Хигинс од ЦСКА Москва

Американскиот кошаркар кој пред неколку дена стана европски првак со ЦСКА Москва, Кори Хигинс веројатно од следната сезона ќе настапува во друг дрес. Имено, шпанските медиуми објавија дека е постигнат комплетен договор меѓу Барселона и 29-годишниот кошаркар кој од следната сезона ќе настапува во Каталонија.

Хигинс не доби продолжување на договорот и се предвидува дека одамна има неколку понуди на маса, па сега ја одбрал за него најповолната - понудата на Барса. Светислав Пешиќ во американското крило гледа поливалентен кошаркар погоден за неговиот систем на игра.

Пред да дојде во Русија, Хигинс настапуваше за Газиентеп во Турција. Со две европски титули со „армејците“ Американецот смета дека го завршил својот циклус во Москва и затоа ќе замине во Русија.

Претходните неколку недели се пишуваше и за заминување на Нандо Де Коло, кој заради семејни причини исто така ќе се пресели во Шпанија, најверојатно во Реал Мадрид.