• Зоран Мишевски

Продолжува комплетното реновирање на играчкиот кадар на шпанскиот шампион Барселона.
Американскиот кошаркар Кори Хигинс и официјално ја напушти Барса, објави клубот на својата официјална веб-страница. Каталонскиот клуб поради економски причини го раскина договорот со Американецот кој требаше да биде со важност до летото следната година.
Хигинс досега во кариерата настапуваше за Шарлот, Триумф, ЦСКА и Барселона.
Белградски Партизан се издвојува како фаворит за потписот на Хигинс, но не е исклучена можноста и за вклучување на уште некој клуб.