Барса ја прекина кризата против Ефес, Монако мина победнички низ Минхен

Барселона

По два порази во низа, екипата на Барселона победи во Евролигата и тоа на дуелот на домашен терен против Анадолу Ефес (82-77) во рамките од 21. коло.

Каталонците имаа мали проблеми на патот до овој триумф. Гостите рамноправно се надигруваа во текот на целиот натпревар. Бодовите на крај останаа во „Палау Блауграна“, поради подобриот финиш на домашните кошаркари. Првиот дел минимално им припадна на кошаркарите на Анадолу Ефес. Барса ја врати предноста во третата четвртина и на крај со солидна игра во завршницата стигна до прва победа во новата година.

  • Барселона - Анадолу Ефес 82-77:

Миротиќ се разигра во последните моменти од мечот и заврши со 15 поени. Кај гостинската екипа се истакнаа Мициќ со 18 и Ларкин со поен помалку.

Во првиот денешен натпревар Монако славеше на гости кај Баерн Минхен (78-83). Џејмс со 26 поени беше најзаслужен за позитивниот резултат на францускиот претставник.