• Саше Љолес
Младинскиот тим на Барселона во своите редови има вистинско „чудо од дете“. Се работи за 12-годишниот Мохамед Дабоне, кој беше главен творец на победата против Алба Берлин од 118-46 и придонесе со одличен учинок од 21 поен и шест скокови.
Барса го здроби германскиот ривал на завршниот турнир од Евролигата, а ривалите на Дабоме само немо го гледаа кога ја примаше топката под обрачите и не му можеа апсолутно ништо. Се исктакна со серија забивања, блокади и тројки, а неговиот учинок е уште повреден поради тоа што е дури и помлад од многу играчи во оваа категорија.
Младиот Дабоме е висок 208 сантиметри и е роден во Буркина Фасо. На теренот скоро секогаш доминира, иако од некои играчи е помлад дури шест години. Скаутите од НБА лигата го следат подолго време и се очекува во иднина да има блескава кариера.