Барса им се врати на победите, распад на Олимпијакос и Химки

Екипата на Барселона брзо го заборави поразот од Анадолу Ефес и со победа над Жалгирис (86-62) им се врати на победите во Евролигата.

  • Барселона - Жалгирис: 

Каталонскиот великан не дозволи уште едно изненадување во низа и ги испрати Литванците дома со наведнати глави. Хигинс и Ориола беа разиграни кај Барселона со по 19 поени, додека Дејвис даде 12, а кај Жалгирис, Хајс имаше девет поени.

  • Химки Москва - Басконија:

Химки продолжи со евролигашката мизерија и дома загуби убедливо од Басконија (67-89). Московскиот тим некогаш беше гигант и нагазна мина за секого, но сега ситуацијата е поинаква. Фал со 14 и Драгиќ со 13 поени беа најдобри кај победникот, додека кај Химки, најплатениот играч Швед реализира 16 поени.

  • Анадолу Ефес - Олимпијакос:

Висок пораз доживеа и Олимпијакос, на гостувањето кај Анадолу Ефес (76-53). Кобни за тимот од Пиреја беа втората и третата четвртина, во која дадоа осум, односно девет поени. Ларкин со 21 поен беше најдобар кај Ефес, а го следеше Данстон со 15 поени.

  • Олимпија Милано - Макаби Тел Авив:

Олимпија Милано на домашен терен беше сигурна против Макаби Тел Авив (87-68). Пунтер со 15 и Хајнс со 14 поени беа најдобри кај „манекените“, додека кај израелската гордост, Хантер реализира 16 поени.