Барса ги потврди лошите вести, Миротиќ останува надвор од терените

Никола Миротиќ

Кошаркарскиот клуб Барселона доби лоши вести пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Каталонците нема да може да сметаат на Никола Миротиќ. Тој и натаму се мачи со повреди, па докторите не потврдиле кога би можел да се врати на терените.

Ахиловата тетива на левата нога му прави проблеми на една од ѕвездите на шпанскиот гигант. Клубот не сака да ризикува и внимателно го следи неговото опоравување. Барса не сака да брза и ќе чека кошаркарот да биде максимално подготвен, пред да му даде шанса одново да се врати во натпреварувачки ритам.

Миротиќ на крајот од претходната сезона имаше конфликт со тренерот Шарунас Јасикевичиус. Многумина со нетрпение очекуваат да видат каков ќе биде нивниот однос оваа сезона.