Барса чекаше „Ел Класико“ да го повлече дресот на Хуан Карлос Наваро

Кошаркарската секција на Барселона на 1 март ќе одржи свечена церемонијата на која ќе биде повлечен од употреба дресот со број 11 на Хуан Карлос Наваро. Пред натпреварот со големиот ривал, Реал Мадрид, Наваро ќе се појави на центарот од игралиштето, а дресот со број 11 ќе ги краси височините на „Палау Блауграна“.

Само четворица кошаркари во историјата на Барселона се промовирани на ваков начин со повлекување на дресот: Хуан Антонио Сан Епифанио, Начо Солозабал, Андрес Хименез и Роберто Дуењас.

38-годишниот Наваро кариерата минатото лето, а во својата приватна витрина соба осум титули на Шпанија, седум пехари во Купот на Кралот, пет Суперкупа на Шпанија и два трофеjа во Евролигата.