Барнет по само еден месец го напушти МЗТ Скопје

Американецот Доминез Барнет не е повеќе член на МЗТ Скопје, откако вчера беше официјализиран раскинот на договорот со американскиот кошаркар.

28-годишниот кошаркар во редовите на македонскиот шампион пристигна пред точно еден месец и требаше да биде замена за заминатиот Гочер кој се пресели во Грција.

„Играчот беше ангажиран со цел да донесе екстра-квалитет на тимот предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов, со оглед на неговата биографија и одлични игри во силната ВТБ-лига, но тоа не се случи. Барнет во Скопје допатува максимално неподготвен, поради што не даде придонес каков што се очекуваше, ниту на тренинзите, а уште помалку на средбите на кои настапи. Стручниот штаб на тимот веќе бара замена на неговата позиција, а кога ќе биде најдена јавноста навремено ќе биде информирана“, велат од редовите на МЗТ.

Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром ја искористи можноста од договорот за предвремен раскин на соработката и му се заблагодари на Барнет за досегашните услуги.