• Саше Љолес

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, се огласи после завршувањето на финалето од грчкиот плеј-оф против Панатинаикос. Искусниот стратег за медиумите рече дека успехот е бесценет за клубот, но во исто време го „пецна“ и вечниот атински ривал.
„Бевме во подобар ритам од ПАО, така ми се чинеше во текот на целата серија. Знаевме дека ќе биде многу тешко, но мислам дека ние повеќе се фокусиравме на кошарката, а тие на други нешта.
Ако ги собереме сите импресии, не жалам за ниту еден потег и знам дека добро се претставивме во финалето. Навивачите нека се радуваат, повторно сме шампиони“, рече Барцокас.
Олимпијакос стигна до својата петнаесетта шампионска титула, совладувајќи го вечниот ривал со конечни 3-1 во финалната серија.