• Иван Димовски

Кошаркарите на Олимпијакос одиграа убедливо во регуларниот дел на Евролигата, па сосема легитимно се меѓу фаворитите за трофејот. Во полуфиналето налетаа на изненадувањето Монако, па им се даваат поголеми шанси за финале.
На официјалната прес-конференција пред завршниот турнир, тренерот Јоргос Барцокас даде своја анализа. Според него, фактот дека грчкиот гигант игра пак на „фајнал-фор“ турнирот е доказ за вредноста на екипата.
„Кога во Лондон ја освоивме титулата во 2013 година имавме готова екипа, бидејќи претходната сезона со Ивковиќ ово клуб стана европски првак. Мене како млад тренер тогаш ми беше полесно, бидејќи таа екипа имаше неверојатна самодоверба. Верувам дека таква самодоверба има и денешниот мој тим. Втора година по ред доаѓаме меѓу четирите најдобри екипи и тоа е доказ за вредноста на оваа екипа. Најдобрите клубови, играчи и тренери се тука и често разговараме. Од октомври до денес на секои три дена играме некое финале. Уживаме, но и исцрпени сме.
Сепак, на вакви турнири секогаш мора да дадеме максимум. На вакви турнири не е успешен само победникот на Евролигата. За мене сите учесници во плеј-офот се успешни проекти оваа сезона. Освен Слукас и Папаниколау, сите мои кошаркари првпат играат на завршен турнир и сакам да им пренесам што значи нивното присуство тука. Сакам да ги насочам ништо да не менуваат од рутината во текот на сезоната. Сакам да му честитам на Саша Везенков. Многу сум среќен за него и за нашиот клуб. Тој се прилагоди како да биде дел од тимот и пак да се отскокне и да се игра својата најдобра кошарка. Горд сум што работам со вакво момче.
На новинарите им се обрати и Костас Папаниколау, кој кажа:
„Во ниту еден момент оваа сезона не можевте да кажете кој е подобар, кој заслужува да биде тука во Каунас, кој е фаворит. Од самиот почеток знаевме дека ова е посебна сезона и не може ништо да се предвиди. Како капитен мора да ги натерам моите момци да се фокусираат на играта. Не ни треба ништо посебно, само да ја внесеме енергијата и квалитетот што ги покажуваме цела сезона. Еден добар ден е доволен да се направи разлика, па титулата е достижна за секој од четирите екипи“.
Олимпијакос и Монако ќе се судрат во првото полуфинале кое е на програмата в петок во терминот од 17:00 часот.