• Иван Димовски

Екипата на Мега Баскет доаѓа во Скопје за дуелот со МЗТ во серија од две АБА-победи. Српскиот тим сака да ја продолжи серијата, меѓутоа македонскиот првак мора да оди на триумф во СЦ „Јане Сандански“.
Пред натпреварот, своето очекување од гостувањето во престолнината на Македонија го сподели тренерот Марко Барач.
„МЗТ Скопје е екипа која и покрај тешкиот распоред, на табелата зазема позија која не одговара на нејзиниот вистински квалитет. Се работи за тим составен од многу искусни играчи, со голем број натпревари на клупско и интернационално ниво. Меѓутоа, ако сме во состојба да ја повториме енергијата и фокусот од претходните натпревари, ќе имаме што да кажеме“, изјави Барач.
Токму Мега е една од екипите со која МЗТ Скопје ќе се бори за опстанок во АБА-елитата. Мисијата на „штрковите“ не е лесна, проблемите со повреди и тешкиот распоред го направија своето, па останува да се подобрат во продолжението на сезоната.