• Саше Љолес
Лука Банки и неговиот Анадолу Ефес се подготвуваат за евролигашката плеј-оф серија против Панатинаикос. Италијанскиот тренер ги најави овие дуели и воедно упати пофални зборови за својот колега, Ергин Атаман, за кого рече дека е неверојатен стратег.
„Влегуваме во оваа серија со голема самодоверба која ја изградивме во изминатиот месец. Се надевам дека моите играчи ќе бидат здрави и дека ќе веруваат во своите квалитети.
Имаме сериозен ривал пред нас, кој на клупата го има неверојатниот Ергин Атаман. Огромна почит за него, но ние ќе се обидеме да го елиминираме актуелниот европски првак“, рече Банки.
Првиот натпревар помеѓу Панатинаикос и Анадолу Ефес ќе се одигра вечерва во 20:45 часот.