Балтичката лига се намалува од 16 на 14 екипи

Балтичката ВТБ лига ќе го скрати списокот на учесници за новата сезона од 16 на 14 клубови, откако оваа одлука може да биде изгласана уште утре на годишната средба на Советот на Лигата.

Финскиот Бисонс, чешкиот Нимбурк и грузискиот тим Вита најверојатно ќе се откажат од натпреварувањето и организаторот ќе мора да пронајде адекватни замени или да ја скрати лигата. 

Втора опција освен скратување на лигата е приклучување на уште две екипи од руската екипа, заради огромната финансиска моќ на екипите од оваа земја.