• Саше Љолес
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одново го привлекува вниманието на јавноста во Соединетите Американски Држави. Асот на Денвер Нагетс прикажува феноменални партии и уште на крајот од ноември ја има фаворитската улога за МВП-признанието, кое го добива најкорисниот играч во регуларниот дел од НБА сезоната.
Интересно е што минатогодишниот освојувач, Џоел Ембид, во моментов има коефициент од 7,9 за „одбрана“ на овој трофеј, додека коефициентот за Јокиќ е само 2,8, што го прави апсолутен фаворит во оваа трка. Најблизу до Србинот е брилијантниот Лука Дончиќ од Далас, кој има коефициент од 6,5 и токму меѓу нив се очекува да се бие трката за оваа титула до самиот крај.
Новиот МВП ќе биде познат по одигрувањето на сите 82 кола од регуларниот дел и ќе биде прогласен веднаш по почетокот на плеј-офот и разигрувањата за шампионската титула. Доколку Јокиќ и Дончиќ продолжат со одличните изданија, ништо чудно да видиме „екс-ју“ битка за вредното признание кое го доделува најсилната светска кошаркарска лига.