• Зоран Мишевски
Кошаркарите на МЗТ Скопје гостуваат кај Теодо Тиват во рамките на петтото коло на групната фаза во АБА-2 лигата. Во пресрет на ова гостување своите очекувања ги сподели хрватскиот крилен центар Марко Баковиќ, кој кажа:
„Секој противник е силен сезонава во АБА2 лигата, па очекувам тешко гостување во Тиват. Противникот веќе го победивме во Скопје и сметам дека со вистински пристап и почитување на договореното ќе го повториме истиот епилог“.
Победа на овој меч е неопходна за одржување на шансите за пласман во следната фаза, меѓутоа аеродромци не зависат сами од себе. „Штрковите“ ќе чекаат услуга од Хелиос Домжале кој мора да ја победи Цедевита Јуниор за одржување на шансите на македонскиот тим.