Бајиќ со една измена пред Украина, Какруки во тимот наместо Ефремовски

Кошаркарската репрезентација на Македонија коло пред крајот на квалификациите за Светското првенство, остана без шанса за пласман во следната рунда. Националниот тим не дочека услуга од Грузијците, па дуелот со Украина утре ќе биде само за престиж. 

За оваа средба, селекторот Драган Бајиќ се одлучи на една промена. Шанса за настап ќе очекува Валмир Какруки, кој го зазеде местото на Виктор Ефремовски во ростерот на Македонија. Играчот на Гостивар има проблеми со вирус, а младото крило од Работнички ќе ја искористи шансата откако не беше дел од тимот против Шпанија

Македонија во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ја дочека Украина и ќе стави крај на овој квалификациски циклус. За жал, резултатите досега се недоволни за битка за место во следната фаза, па така избраниците на Бајиќ ќе мора својата шанса да ја чекаат во идните циклуси.