Бајиќ најави американски плејмејкер за подобрување на тимот

Репрезентацијата на Македонија заврши долг циклус на квалификации, за жал неуспешно и на чекор до главната квалификациска фаза. Кошаркарите покажаа карактер, рамноправно се надигруваа со дел од ривалите, во изменет состав на речиси секој собир. Селекторот Драган Бајиќ нема среќа со ростерот, повредите и проблемите. 

Поради тоа, предводникот на националниот тим најави дека за иднината се размислува за американско засилување на плејмејкерските позиции. 

„Ни недостига одличен плејмејкер, можеби Американец за да ја раздвижи екипата во одредени моменти. Ситуацијата со Димитријевиќ е јасна, Магдевски е повеќе играч за позиција два, па така сметам дека добар плејмејкер ќе го крене квалитетот на сите останати во тимот“, изјави Бајиќ. 

На позицијата организатор на игра го имаме Кристијан Николов од МЗТ Скопје, претходно во конкуренција беа Магдевски, Стајиќ, Димитријевиќ... Сепак, често се случуваше Војдан Стојановски или Мекиќ да ги организираат нападите, па веројатно поради тоа Бајиќ сака засилување.