Бајиќ го откри конечниот список за дуелот со Шпанија

Шпанија ќе гостува во Македонија на отворањето на квалификациите за Светското првенство.

Македонскиот селектор Драган Бајиќ денес го откри конечниот список кошаркари со кои ќе му се спротистави на фаворизираниот противник.

Првиот од двата дуели овој ноември го играме в петок на домашен терен. Потоа патуваме за Киев, каде ќе ги одмериме силите со репрезентацијата на Украина.