Бајиќ го објави поширокиот список на кошаркари за Шпанија и Украина

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја очекуваат два квалификациски натпревари на патот кон Мундобаскетот. Избраниците на Драган Бајиќ ќе гостуваат кај Шпанија, а потоа ќе ја дочекаат Украина на први и четврти јули. 

Селекторот Бајиќ го објави поширокиот список на кошаркари. Во отсуство на Ненад Димитријевиќ, Џејкоб Вајли, Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, предводникот на националниот тим се сврте кон неколку млади имиња. 

  • Список на повикани кошаркари за квалификациите:
  1. Војдан Стојановски (МЗТ Скопје)
  2. Бојан Крстевски (МЗТ Скопје)
  3. Адем Мекиќ (МЗТ Скопје)
  4. Кристијан Николов (МЗТ Скопје)
  5. Дамјан Робер (МЗТ Скопје)
  6. Стојан Ѓуроски (Пелистер)
  7. Андреј Маслинко (ТФТ)
  8. Страхил Николов (ТФТ)
  9. Виктор Ташовски (ТФТ)
  10. Виктор Ефремовски (Гостивар)
  11. Валмир Какруки (Работнички)
  12. Теодор Симиќ (Барселона, Шпанија)
  13. Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт, НЦАА, САД)
  14. Рубин Стефанов (Римини, Италија)

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 25 јуни во салата „Борис Трајковски“. Бајиќ ќе ги построи кошаркарите и ќе го скрати списокот во пресрет на натпреварите. Македонија гостува во Сарагоза кај Шпанија, а потоа ќе ја дочека Украина на четврти јули во 18:00 часот.